Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетите во „Диво Насеље"

Врие полиција во Скопје, градот го надлетуваат полициски хелихоптери. Во Врховниот Суд денеска обвинителството ги кажа завршните зборови за случајот „Диво Насеље", кој ја потресе македонската јавност.

Обвинителот истакна дека бара највисоки кази за обвинетите за настаните во кумановско, објаснувајќи кој од групата осомничена за тероризам каква задача имал во Куманово. Дел носеле храна, дел се грижеле напаѓачите да преминат илегално од Косово, а дел да го обезбедат оружјето. Тој побара доживотен затвор.

Обраната завршниот збор ќе го има на наредното рочиште.

За потсетување, инцидентите во Диво Насеље се случи на 9 мај 2015 година, а на 37 лица им се суди за тероризам. Во судир помеѓу полицијата на вооружена група во кумановската населба Диво насеље, загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.