Обвинение за скопјанецот кој криел марихуана во дворот на сосетката

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 27-годишен скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката.

Обвинетиот 27-годишник неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.521,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а обвинетиот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, со оглед на тоа што се работи за лице претходно веќе осудувано за истото дело, што го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори делото или да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода.