Обвинение против корисник на „Фејсбук“ кој повикувал на ликвидација на Заев

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против едно лице кое на социјалната мрежа „Фејсбук“ испраќало закани до Зоран Заев, додека тој беше премиер.

Како што информираат од обвинителството, лицето на 23 и 24 јули минатата година во повеќе наврати извршило поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.

Корисникот од својот профил на „Фејсбук“, објавил повеќе закани кои биле упатени кон претседателот на Владата, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

Од обвинителството посочуваат дека тој се заканувал оти ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, а сега се товари дека сторил продолжено кривично дело – загрозување на сигурност.