Обработени 40 отсто од гласовите: Пендаровски 56,11 отсто, Силјановска 40,45 проценти

Според резултатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 40,01% од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 56,11%, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 40,45%.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.