Обновена урбаната опрема околу Драмски театар

Општина Карпош ја санираше поголем дел од урбаната опрема (клупи и корпи за отпадоци) околу Драмски театар, во Карпош 2, а локалната самоуправи дополнително постави и нови клупи за седење. Со нив се овозможува поголема удобност за посетителите на Драмскиот театар, имајќи предвид дека дел од клупите се поставени на платото пред Драмски.

Во претстојниот период, ќе бидат поставени и посебни корпи за отпушоци, а се предвидува и обнова на осветлувањето.

Во овој дел од Општината, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе започне и со уредување на зеленилото, при што ќе се постави нова тревна површина и зеленило. Целосно ќе се облагороди јавниот простор и ќе прерасне во маалски парк за рекреација.