Обложувалниците ги имаат фаворитите за Евросонг 2019: Македонија на 21-то место

Евровизија 2019  оваа година ќе се одржи во Тел Авив на 14-ти, 16-ти и 18-ти мај. Тамара Тодевска е македонскиот претставник, која ќе пее на на втората полуфинална вечер, односно на 16-ти мај. 

Тамара Тодевска ќе ја претставува државата со песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Но, како се доближува времето до Евровизија, светските обложувалници ги имаат фаворитите за Евросонг 2019. Македонија од 41 земја учесничка, се рангира на 21-то место. Сега за сега според обложувалниците фаворит е песната на Холандија со предвидувања за висок пласман и победа. 

 

 

cheap nike air max 90