Облачно, врнежливо и потопло

Временската прогноза за денес, понеделник, 5 март, прогнозира претежно облачно со врнежи од дожд кои ќе започнат претпладне во западните делови, а на највисоките планини ќе се претвора во повремен снег.

Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а преку ноќта ќе се поинтензивни насекаде. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Денеска дневните температури ќе се движат од 7 во Берово, 8 во Охрид, Битола 10, Скопје 11, Кавадарци и Дојран 12 Целзиусови степени…

Врнежи од дожд ќе има и утре, а од среда и во ноќта кон четврток само понекаде на западот ќе има локален дожд. Утре и во среда ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот, прогнозира УХМР Македонија. Дневните температури во наредните три дена ќе се движат од 9 до 19 степени.