Облачно време со температури до 16 степени

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температура во овие денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините.

По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а од четврток на повисоките планини особено во северозападниот дел на земјава ќе има услови за врнежи од снег.