Облачно и врнежливо време

Во Македонија ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови.

Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава, а во останатите ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 12, а максималните од 14 до 24 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен северозападен ветер. Тeмпературата ќе достигне до 19 степени.