Облачно и суво време, од недела врнежи од снег во целата држава

Денеска ќе преовладува претежно облачно и суво време, информира УХРМ. Утре ќе се задржи облачно време, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Од недела ќе бидеме под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса, од која се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег. До вторник насекаде се очекува формирање снежна покривка, а на планините значително нејзино зголемување.