Облачно и студено време со врнежи од дожд и снег

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), претежно во западните и северните делови. На планините над 1.500 метри н.в. има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч).

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, повремено интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ќе дува умерен до засилен Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени.

Од утре следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.