Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денес е четврток, 25 мај 2017 година, 145-иот ден во годината. Сонцето  изгреа во 05:00, а ќе зајде во 19:59 часот. Денот ќе трае 14 часа и 59  минути.


Во утринските часови во најголем дел од Македонија имаме претежно  облачно но и свежо време, а локално во северозападните и северните  предели постојат услови и за локални врнежи. Услови за кратки сончеви  периоди имаме само во југозападните предели, но и во овие предели облачноста во наредните часови ќе се зголемува.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува уште еден од низата нестабилни денови со поинтензивни врнежи од дожд. Во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни како и во вечерните часови и прво ќе ги зафатат западните и северозападните предели ќе се прошируваат кон останатите региони. Локално се очекуваат да наврнат и над 30 литри. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 13 односно до 22 степени.

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок се очекува нов бран на интензивни врнежи од дожд кои што прво ќе ги зафатат западните и северозападните предели и ќе се прошируваат во останатите предели. Локално може да наврнат и над 30 литри дожд.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Како што напоменавме во текот на ноќта четврток кон петок како и во петок во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно со  врнежи од дожд кои што локално ќе надминат и на 30 литри, ветровито и свежо време. Попладне врнежите постепено ќе престануваат. Утринските од 4 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 21 степен. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди кои што ќе донесат и повисоки дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 15 до 24 степени. Попладне во североисточните, источните и југоисточните предели со услови за локални и слаби врнежи од дожд. Во недела претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со дневни температури што ќе достигнат до 18 односно до 27 степени. Во понеделник претежно сончево и топло време со пораст на температурите кои што ќе достигнат до 21 односно до 30 степени.