Државната изборна комисија ги објави имињата на новоизбраните советници на Град Скопје.

СДСМ и коалицијата, на локалните избори кои за Град Скопје завршија во првиот круг,  освоија 21 советник, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 17.

На веб страницата на ДИК се објавени составите на советите во  45 општини каде што изборите завршија уште во првиот круг.

Во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.

Од досега преброените гласови, излезноста е повеќе од 60 отсто.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебрца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.