Картографот Јакуб Мариан објави на својата веб страна мапа која ја прикажува распределбата на богатство во Европа.

Податоците прикажани на картата се темелат на анализа на швајцарската мултинационална финансиска корпорација која го мери богатството со собирање на вредности на финансиски и останат имот и одземање на вредноста на долгови.

Објавената карта на Европа ја прикажува средната вредност на тоа богатство по возрасна личност во поедини држави изразена во американски долари, а картата е објавена на порталот jakubmarian.com

Според податоците од картата од сите земји на екс Југославија најбогата е Словенија, која отприлика е 2,3 пати побогата од Хрватска. На мапата се наведува дека податоците за БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија се со послаб квалитет, па треба да се земат со резерва.

Според тие податоци, Србија се наоѓа на 'рбетот по богатство од сите земји на екс Југославија, а Црна Гора речиси е трипати побогата.

Што се однесува до земјите членки на Европската унија, Хрватска е на самото дно по богатство.

Исланд е најбогат според оваа мапа, додека Украина е најсиромашна.