Објавен списокот на артисти кои ќе настапат на „Пролетен Вино Фест“

На фестивалот на виното кој ќе се одржи од 11-ти до 15-ти мај на паркингот пред трговскиот центар „Веро“ ќе гостува балкански познатиот рапер Едо Маајка, спрскиот бенд „Тропико“ и македонската ѕвезда Игор Џамбазов. Покрај нив, настап ќе има и Дј Гоце САФ, Влатко Илиевски, Миле Кузмановски, Жаре Бербер, Brass Brothers, Chill Play, Accustic Division, Backdoor band, како и Диџеј Тина, Александар Јорданв, Караваниа и Каверленд.

Со звукот на нивните песни публиката ќе може да се забавува и да ужива во вкусовите на повеќе од 10 македонски реномирани винарии. Најдоброто од своите визби ќе го понудат: Попова Кула, Бовин, Сковин, Тиквеш, Повардарие, Визба Валандово, Далвина, Вардарска Долина, Пивка и други. Секој ден во попладневните часови, па се до доцна во ноќта Скопје ќе пулсира во ритамот на виното!