Објавен меѓународен тендер за набавка на нископодни еко-автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска соопшти дека е објавен меѓународниот тендер за набавка на нископодни еколошки CNG автобуси.

– Постапката ќе се одвива во согласност со правилата и процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со чија позајмица ЈСП Скопје ќе ја реализира набавката, се вели во соопштението.

Заинтересираните фирми повеќе информации можат да добијат на линкот https://ecepp.ebrd.com/delta/viewNotice.html?displayNoticeId=8066445 и треба да се регистрираат на наведената врска во објавата.

Тендерската документација е бесплатна.