Обид за палење на пензионерскиот дом во Аеродром

Синоќа околу 23,00 часот, на ул.„Ангел Димовски“, во „Пензионерски дом Аеродром“, пред вратата и на вратата од собата во која била сместена Г.Б, непознато лице истурило бензин.

Истото се обидело да го запали, но не успеало. 

Причинета е мала материјална штета. Увидна екипа од СВР-Скопје извршила фотографирање на лице место и се преземаат мерки за расчистување на настанот.