Бадник се прославува ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на Божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање.

Еве какви се обичаите на Бадник и Божиќ.

Бадник

Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес.

Можеби во некои зафрлени делови домаќините се уште во рана зора одат да сечат бадник, кој потоа до вечерта го чуваат покрај куќата, пред да го внесат и стават на огништето. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божиќ, се носи дома и се става покрај икона.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија пак, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Вечерта на Бадник

Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни.

Божиќ

Божиќ е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена.

Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божиќ да е положајник, пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат многу ритуали кои положајникот ги прави – ја отвора вратата од печката или шпоретот, го распалува огнот изговорувајќи ја бројаницата: – Колку искри толку среќа, колку искри толку пари… привикувајќи така благосостојба за домот во кој дошол. Потоа, домаќинката на куќата го дарува со соодветен подарок.

Во раното божикно утро, домаќинката меси погача, во која става паричка, од озгора се боцка со гранче од бадник и се пече. Порано во погачите се ставало и семе од дрен, за здравје, семе од грав, пченка, пченица и делови од бадникот. Погачата претставува дел од прославата на Божик и кога е печена се поставува на трпезата, се врти како колач, се полива со вино и на крај се крши на толку делови колку што има членови дома. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. По кршењето, следува честитање на празникот и ручек, кој е прв мрсен оброк по долгиот пост.