Обезбедувањето на средно училиште во Скопје претепа ученик

Во 13  часот во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Гази Баба, 49-годишниот В.Ц. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот пред влезна врата на средно училиште на булеварот „Александар Македонски“, неговиот 17- годишен син бил физички нападнат од страна на 37-годишниот П.Л. инаку вработен во обезбедување на училиштето.

П.Л. го удрил малолетникот два пати со тупаница во пределот на стомакот и главата.

Со приватно возило 17-годишникот бил однесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот.