Обезбедување и пренасочување на сообраќајот за вечерашниот меч помеѓу Вардар и Татран Прешов

Во спортскиот центар „Јане Сандански" во Скопје вечер со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар" и „Татран Прешов" од Словачка, во рамки на СЕХА лигата.

Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.