Oбдукцијата заврши, сè уште не се знае дали се работи за убиство на докторката

Институтот за судска медицина ја заврши обдукцијата врз телото на докторката што завчера беше најдена мртва во нејзиниот дом. 

По индукцијата се чекаат лабораториските резултати, кои треба да покажат дали таа била под дејство на алкохол или седативи. Сè уште се истражува дали се работи за самоубиство или за убиство, пренесува „Мкд.мк“.

Увидот на местото каде што таа беше најдена со убодна рана од кујнски нож во вратот и пресечени вени траел околу шест часа.

Надлежните органи од местото по добиената пријава околу 21 часот се упатиле на местото, до 3 часот по полноќ ги собирале доказите што ќе помогнат да се одгатне мистеријата дали некој му ставил крај на животот на лекарката или таа сама си „пресудила“.

Одговорот ќе се знае по комплетирањето на обдукциониот наод и анализите што ќе бидат испратени до надлежниот обвинител.