Нумерологијата открива зошто немате среќа во љубовта!

За да не лутате емотивно или за да не се врзувате за погрешни партнери, денес ви го носиме водичот кој ќе ви ја олесни љубовната потрага.

Нумерологијата може многу да ни помогне во емотивниот живот. Секој од нас има личен број кој лесно може да се пресмета и тој ни дава увид во нашиот карактер, но и во карактерот на личноста со којашто сме во врска. Броевите се како магија. Ако налетаме на личност со којашто сме нумеролошки компатибилни, на повидок е убава врска, која може да се претвори и во брак.

Но, некои врски не успеваат и покрај трудот на двајцата партнери. Секогаш изгледа дека нешто недостасува или дека карактерите се многу различни за да успее. Можеби сте наишле на личност која не се совпаѓа со вашиот личен број. Погледнете го нумеролошкиот водич кој ќе ви ја олесни љубовната потрага или ќе ви одговори на прашањето што не чини во вашиот однос.

За да дознаете дали сте еден за друг, доволни се вашите датуми на раѓање. Едноставно соберете ги бројките од датумот на раѓање и претворете ги во еден број. Тоа е вашиот личен број. На тој начин соберете ги и бројките од датумот на раѓање и на вашиот партнер и така ќе го добиете неговиот/нејзиниот личен број.

На пример, ако вашиот роденден е 23.1.1982 година, треба да ги соберете цифрите од денот, месецот и годината и да ги претворите во еден број.

2+3+1+1+9+8+2= 8

Потоа дознајте го датумот на раѓање на личноста во која сте вљубени и видете дали вашите броеви си одговараат.

Резултатите видете ги на втората страна...

Број 1 – Одлични љубовници

Луѓето чиј број е 1 се многу упорни, често и тврдоглави. Родени лидери, амбициозни и креативни. Имаат јака самодоверба и се одлични љубовници. Кон избраникот на своето срце се многу посесивни, но и заштитнички настроени.  Личноста којашто ја сакаат ја држат како капка во својата дланка и сакаат да се гордеат со својот партнер.

Додворувањето никогаш не им е проблем, затоа што освојуваат со неоспорен шарм. Најромантичен успех ќе имаат со броевите 2, 4 и 7. Кај двојката им се допаѓа нивната нежност, топлина и добродушност, а четворката ја сакаат заради непредвидливоста.

Број 2 – Романтичарите

Дипломатскиот и мирољубив став е одлуки за луѓето родени во бројот 2. Тие се многу романтични луѓе со голема фантазија. Се одликуваат со трпение, сочувство и љубезност во комуникацијата. Прилагодливи се и пријатни за заеднички живот.

 Во љубовта се топли и им требаат многу љубовни докази од партнерот за да се почувствуваат сакани. Потребен им е патнер кој ќе ја цени нивната верност и искреност и кој ќе ги разбира нивните чести промени на расположение и пречувствителност. Бројот 1 ја зголемува нивната самодоверба, а одлично се сложуваат и со бројот 7.

Број 3 – Лесно се заљубува

Тројките се луѓе кои ги краси оптимизам и великодушност. Добронамерни се, гостољубиви и сакаат да уживаат во животот и убавите работи. Духовни се, сочувствителни и лесно се заљубуваат. Во љубовта се грижливи, но непостојани. Во постојана потрага се по  идеален љубовен партнер, па често влетуваат од една во друга врска. Се сложуваат со бројот 6, кој ќе им пружи многу љубов, но и ќе ја разбере нивната потреба за слобода. Добро ќе се сложуваат и со броевите 8 и 9.

Број 4 – Тешко се врзува

Луѓето кои го носат бројот 4 се независни и ја сакаат својата слобода. Духовити и оригинални, а заради нивната интересна личност, со задоволство ги примаат во секое друштво. Упатени се во се, знаат да се шегуваат и ги сакаат луѓето. Во љубовта често се непредвидливи и тешко е трајно да се врзат, затоа што на сите луѓе има наоѓаат маани.

Пред да се скрасат со некого, проаѓаат низ турбулентен љубовен живот. Луѓето во број 1 одлично ќе се сложуваат со четворките, затоа што делат сличен ентузијазам и љубов кон промените. Четворките ќе бидат и во добри односи со седмиците.

Број 5 – Ги крие чувствата

Тоа се многу комуникативни луѓе кои се одликуваат со снаодливост, итрост и брзина. Тие се креативни, природно шармантни и забавни. Љубопитни се и сакаат излегување, забави и патување. Во љубовните односи често се стегнати, затоа што имаат обичај се да рационализираат и тешко се отвораат на емотивен план. Но, многу се заводливи, па успешни се во заведувањето. Најдобро се сложуваат со 1 и 6.

Број 6 – Љубовта е на прво место

Родените во број 6 се прави уметнички души кои ги краси фантазија, добра и попустлива душа и толерантност, а тоа ги става на врот на најпожелни љубовни партнери. Секогаш се смирени, често и поводливи, а љубовта им е секогаш на прво место во се што прават.

Заљубливи се и во вечна потрага по сродна душа.  Без љубов не можат да се смират и ќе ја бараат се додека не најдат вистински партнер. Број 3 може да им ја даде посакуваната сигурност, а и одлично ќе комуницираат. Добро ќе се сложуваат и со број 5 со кого ќе имаат возбудлив живот.

Број 7 – Се ќе направат за партнерот

Интуитивни и креативни луѓе, често и спиритуалисти. Толерантни и попустливи. Но, многу се чувствителни, па заради тоа и лесно ги повредуваат. Тешко оздравуваат од љубовните разочарувања, па ќе пројде многу време додека повторно се одлучат да започнат врска.

Во љубовта се нежни, романтични и сензибилни и ќе направат се за партнерот. Иако имаат одлична интуиција, често одбираат погрешни партнери. Љубовната среќа ќе ја остварат ако се врзат со луѓе чиј број е 1 или 2, затоа што со нив ќе имаат чувство дека добро се разбираат на емотивно ниво.

Број 8 – Во љубовта се внимателни

Се работи за практични луѓе кои цврсто стојат на земја. Не се занесуваат со нереални цели, многу се внимателни и систематични. Трпеливи се и имаат одлична самоконтрола. Имаат аналитички ум, а во љубовта се премногу внимателни.

Многу се плашат да не бидат повредени, затоа и долго ќе бираат партнер. Бараат љубовна сигурност, односно врска која одма ќе го носи печатот на одговорност и трајност. Затоа највеќе им одговараат 3 и 9. Тројките се подеднакво практични како и тие, а со деветките се сложуваат и на енергетско ниво.

Број 9 – Предани освојувачи

Деветките ги краси страствена и енергична природа, но и огромна тврдоглавост и импулсивност. Искрени се и не сакаат да заобиколуваат. Имаат голема психичка сила, но и изразено либидо. Кога се заљубени, потполно губат глава. Освојуваат директно и шармантно. И жените и мажите од овој број се многу заљубливи и ќе направат се за да ја освојат личноста којашто им се допаѓа. Во љубовта одлично ќе се сложуваат со 3 и 5, со кои ќе си се надополнуваат и ќе бидат во складен однос, а 6 и 8 ќе ги смируваат.

new nike air max 2019