Ново зголемување на минималецот може да доведе до отпуштања

Ново зголемување на минималната плата може да предизвика проблеми во работењето на компаниите особено во трудоинтензивните сектори,  предупредуваат од организацијата на работодавачи. Велат дека ако се покачи минималецот кој сега изнесува 12 илјади денари може да дојде до намалување на бројот на вработени. 

Секое поголемо покачување од ова е проблематично и ќе предизвика намалување на бројот на вработени особено во делот на трудоинтензивните сектори. Со покачувањето на минималната плата до 12 илјади скоро сите плати се најдоа во еден многу тесен дијапазон што доведе до урамниловка,  а евентуалното  ново покачување ќе предизвика напуштање на работници, вели првиот човек на органзиацијата на работодавачи Ангел  Димитров

Премиерот Заев кој вчера најави раст на минималната плата денеска повторно посочи дека Владата планира да го покачи минимлецот но  до која сума сеуште не е познато. Допрва ќе се разговара со засегнатите страни- синдикатите и работодавачите за да се најде соодветно решение.

Последен пат минимналната плата порасна лани од 10.800 на 12 илјади денари.

cheap nike air max 90