Со мјузиклот „Тајно моја“ Македонската опера и балет на 10 март ќе одбележи десет години од смртта на нашиот најпопуларен пејач Тоше Проески.
Главната улога во мјузикот ќе им припадне на Антонија Гиговска и Денис Димоски кои беа избрани како победници на "Кастинг талент шоуто“.
И покрај тоа, што беа прогласени победниците, жирито одлучи сите деветмина учесници, кои синоќа се појавија на сцената да добијат шанса да се појават на мјузиклот, чија промоција е закажана за 10-ти март.
Поради големиот интерес на публиката за премиерата на мјузиклот билетите веќе се пуштени во продажба.
Денес официјално беше објавено новото видео за мјузиклот: