Ново Скопско пиво на македонскиот пазар (фото)

Љубителите на Скопско ќе можат да уживаат во новиот вкус Скопско Smooth.

Оние кои го пробале новото пиво на Скопската пивара велат дека е посветло, има помек вкус но ја задржува препознатливоста на пивата од овој бренд а тоа е газираноста.

Љубителите на пиво велат дека многу потсетува на Хајнекен и дава можност да испиете малку повеќе од она што би можеле кога е класичното Скопско во прашање.