Ново паркче кај Зелен пазар

Хортикултурно уредување и урбана опрема, доби блокот од Градски ѕид во близината на Зелен пазар.

На потегот од улицата „11-ти Октомври“ до улица „Македонија“, со вкупна површина од 8 000 квадратни метри, просторот помеѓу зградите од Градски ѕид сега е комплетно реновиран и хортикултурно уредн. 

Според Општина Центар, на овој простор има голема фреквенција на луѓе, поради пазарот кој е во близина но и ред други важни објекти. На тој простор засадени се преку 2 000 садници, од кои најголем дел зимзелени, но и зимзелени и листопадни грмушести растенија. Истите формираат огради покрај патеките со цел да се избегне уништување на зелената површина во иднина. Полевањето на растенијта ќе се врши автоматски, преку хидрантската мрежа. Покрај садниците, овој дел од Центар ќе добие и ново детско игралиште со комплетна урбана опрема на површина од 170 метри квадратни.