Ново пакување, нови вкусови и старата љубов кон ЕВА туна салатите

Ги сакаме оброците кои нè заситуваат и ни ја даваат потребната енергија, но не ни оставаат чувство на тежина во стомакот. Ако притоа тие уште се и вкусни, тогаш имаме добитна комбинација! Токму така се замислени Ева туна салатите.

Уживајте во примамливите комбинации од вкусови - туна, житарици и зеленчук. Овие салати се подготвени за конзумирање каде и да се наоѓате – на работно место, на излет или дома. Од сега својата омилена салата можете да ја јадете кога и да ви затреба хранлив и вкусен оброк.

Веќе познатите Ева туна салати - Мексикана, Далматина и Медитерана од сега можете да ги пронајдете со нова грамажа и во практично пакување, а на вкусното трио му се придружија уште три нови вкусови – туна салати со кус – кус, црвена киноа и див ориз.

Вкус на кус – кус кој освојува!

Знаеме дека „вкус кој освојува“ е помалку клише, но верувајте, Ева туна со кус – кус е салатата која навистина ќе ве освои. Кус – Кус, тестенината која се добива од дурум пченица, се меша со морков, наут, пиперка, кромид и со најфината туна. Добитна комбинација!

Црвена киноа за егзотично уживање

Специфичната структура на хранливите состојки: црвена киноа, зелена леќа и сушените домати, како и останатиот зеленчук, ја прават Ева туна салатата со црвена киноа оброк кој ќе ве освои на прва, а потоа во него бескрајно ќе се заљубите. Киноата е богата со протеини и аминокиселини, а кога ќе ја искомбинираме со Ева туната, уживањето е неизбежно.

Див ориз за нежна арома

Дивиот ориз кој се наоѓа во оваа Ева туна салата не е рафиниран, а токму поради тоа изобилува со хранливи материи. Својот вкус му го должи на помалку димениот и изразито ароматичен вкус на див ориз, а тука е и ѓумбирот кој ја заокружува целата приказна.

Истражете ги новите и потсетете се на старите Ева туна вкусови во супер практично пакување и уживајте во оброк полн со протеини, без конзерванси и вкусови кои ќе ве маѓепсаат.

комерцијален текст