Деновиве Општина Аеродром склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на „Буба Мара“, како и уште една градинка во рамки на објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

Проектната задача за изградба, поточно за реконструкција и доградба на објектот „Пчелка 1“ треба да опфаќа целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, целосна реконструкција на сите подови, плафони, внатрешни и надворешни ѕидови, термо-фасада, електротехнички инсталации, инсталации за греење, реконструкција на чајната кујна според правилата на Хасап системот, како и реконструкција на санитарните јазли.

За изградбата на новата градинка во рамки на објектот „Буба Мара“, пак, е планирана површина за градење од приближно 1.000 м2, каде треба да се реализираат минимум шест занимални, како и санитарни јазли за секоја занимална.

Исто така, при проектирањето на детските градинки ќе се запазат стандардите за енергетска ефикасност, со што ќе се обезбедат потребните услови за предучилишно згрижување на децата.