Ново детско игралиште во дворот на ООУ ,,Тихомир Милошевски”

Дечињата добија ново безбедно место за игра во дворот на ООУ „Тихомир Милошевски“.

Ова комбинирано игралиште се простира на површина од 200 метри квадратни и истото е уредено со реквизити за забава, урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци.

Следното го поставуваме на улица ,,Македонска војска” , кај новиот комплекс згради-ДУП Спортски терени. Целта е да се создадат подобри услови и безбедни зони каде што најмладите ќе може да го минуваат своето слободно време.