Новите цени на горивата од утре граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските станици

Договорот со Хеленик петролеум, според кој Регулаторната комисија ги утврдуваше цените на дериватите истече, а новата регулатива по која во иднина ќе треба да се одредуваат цените заглави во собраниските лавиринти.

Од полноќ, кога престанува да важи постоечката методологија, па сѐ додека не се донесе новата, трговците со нафтени деривати имаат потполно право самите да си ги формираат продажните цени на нивните бензиски станици.

Од РКЕ, се надеваат дека нема да дојде до ценовни шокови и апелираат цената на горивата да остане во рамки на движењето на светската берза.

BB9486 adidas Crazy BYW Low AMM Noble Ink