Новиот воз почна да сообраќа на релација Скопје – Велес

Новиот современ електро-моторен воз денес почна да сообраќа на македонските шини.

Возот почна да сообраќа на релација Скопје – Велес и обратно, а се планира истиот да сообраќа до сите останати релации што се наоѓаат долж коридорот 10, односно до Гевгелија.

До крајот на месецов се очекува да пристигне уште еден ист ваков воз со електричен мотор, а до крајот на годинава ќе пристигнат уште четири возови што ќе бидат управувани од дизел машини.

Новиот воз е со капацитет од 200 седишта, но може да прими и до 300 патници. Утрово нозиот воз се упати од Скопје до Велес, а попладнево се врати повторно на железничката станица во Скопје.