Новиот објект на НБРМ со купола и три статуи

Деновиве надлежните од НБРМ склучија договор со фирмата "Бетон" од Скопје која за 2,5 години треба да го изгради објектот, кој ќе се наоѓа веднаш до зградата на Министерството за надворешни работи.

Според проектот, објектот ќе биде на 7 ката, во класичен стил, како и останатите објекти од проектот "Скопје 2014". Ќе има купола, колонада и скулптури.Фасадата е проектирана во класичен стил, каде се употребени повеќе елементи на класичната архитектура.

Колонадата содржи столбови и греди кои имаат челична конструкција и се обложени со лесни декоративни елементи. Бојата и нијансите ќе бидат утврдени со инвеститорот. Објектот ќе има и столбови, пиластри со капител и базис, огради, декоративни елементи околу прозорци, венци, тимпанон, купола. Предвидени се и три статуи - една поставена на куполата и две на спротивните страни над колонадата", се вели во тендерската документација.