Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани

Новиот Клинички центар најверојатно ќе се гради на нова локација во близина на Злокуќани, дознава НОВА од високи владини извори.  Одлуката се очекува денеска да ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

- „Загрижува фактот што улицата Водњанска ќе биде комплетно блокирана, ако се гради на местото каде што беше планирано досега. Камионите и маханизацијата ќе го блокираат и влезот во клиничкиот блок. Тоа ќе биде голем проблем“, велат владини извори за НОВА.

НОВА пишува дека се свесни за тоа дека како држава ќе мораме да платиме оштета од 5, 5 милиони евра на Банката на советот на Европа и дека ќе пропаднат и 1,3 милиони евра за проектот кој го направи италијанската преоктанска куќа АРЕН СРЛ, но овој проект бил избран бидејќи ќе биде добро инфраструктурно поврзан со пристап со западниот и источниот дел на Македонија, но и лесен и брз пристап за граѓаните на Скопје.