Новиот градоначалник вети чист воздух, гасификација, сообраќај и економски развој

Петре Шилегов од СДСМ е новиот градоначалник на град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места што Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.119 гласа, односно 50,32 проценти и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите. Програмата со која ја доби довербата на граѓаните е во фокусот на чист воздух, гасификација, сообраќај и економски развој.

Им честитам на граѓаните на Скопје за одважноста, храброста и одлучноста што ја покажаа и што гласаа за заокружување на промените и за живот за сите во Скопје.
Новото Скопје, повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред.
Резултатите се јасни, имаме победа во првиот круг
, објави Шилегов на својот фејсбук профил.

На почетокот на својата изборна пограма тој вели:

Сметам дека ние и Скопје заслужуваме многу подобро.  Дојде време да ја подобриме животната средина, да направиме функционален и „паметен“ град, безбеден за растење и спокоен за пензионирање.

Програмата со која ја доби довербата на граѓаните е во фокусот на чист воздух, гасификација, сообраќај и економски развој.

Здрава животна средина

Во програмата ветувам дека целосно ќе се посветуви на решавање на проблемот со високата концентрација на ПМ честитките во воздухот во Скопје. Ќе воведе принцип на задолжително надоместување на изгубеното зеленило заради изградба на објекти. Во соработка со општините, г инвеститорите ќе бидат обрвзани да го надоместат изгубеното зеленило на парцелите на кои што започнале градби и да посадат соодветен број на садници.

За чиста и здрава животна средина градот Скопје ќе биде целосно гасифициран.

Градежништво и сообраќај

Вложување во проектот Скопје вело-град и ги изградба на незапочнатите рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една и од Бутел, низ Чаир до Центар од друга страна се приоритет во делот на сообраќај. Градскиот сообраќаен метеж се реашава со продолжување на булевар Свети Климент Охридски со мост преку Вардар и тунел под Скопско Кале и поврзување со булевар Никола Карев, како и преку проширување на булевар Никола Карев и Александар Македонски.

Вложување  во канализациони мрежи

Во својата програма новиот градоначалник ветува дека плански и темелно ќе се доградува канализационата мрежа. Ќе се изнаоѓаат систематски решенија за овие проблеми од минатото.  Понатам, планирано е решавање на третманот со отпадните води преку интегрално решение со колекторски систем за собирање на отпадни води и нивно пречистување во вода од втора категорија.

Економски развој и општествена одговорно

Преку проектот „Центар за отпочнување и развој на бизниси“, градот ќе понуди современи услови за работа по принципот на самовработување, на младите и невработени граѓани од Скопје.  Дополонително ќе бидат поддржувани компаниите со програми за општествена одговорност.  Планирано е ослободување на процесите од непотребни и неодржливи донации и ги насочување кон претходно утврдени листи на корисни проекти кои чекаат изведба и финансирање.