Новинарот Реџеп Ќамили нападнат во зградата на МРТВ

Новинарот Реџеп Ќамили, вработен во МРТВ 2,  објави дека денеска попладне бил физички нападнат во зградата на телевизијата од, како што тврди, Авни Ќаили, уредник на културно информативна програма во јавниот сервис.

Ќамили на својот Фејсбук профил објави фоторграфии со гребаници на телото, што, како што тврди, се последица на нападот.

Како што изјави за МИА, по нападот бил на преглед на Ургентниот центар на скопските клиники.

Не му е позната, вели, причината за нападот.

Случајот, информираше, го пријавил и во полицијата, каде е направен записник.