Нови земјотреси во охридскиот регион

Тлото во Охридскиот регион се уште се тресе.Ноќеска единаесет минути пред полноќ или 11.49ч во охридско-ресенскиот крај европската сеизмолошка опсерваторија регистрираше земјотрес со магнитуда од 3.0 степени по Рихтер на длабочина од 2 километри.

Еден час подоцна или во 00.49 истиот регион беше мета на земјотрес со јалчина од 2,3 степени по Рихтер на длабочина од 2 километри.

За разлика од минатата недела кога речиси премногу зачестено се тресеше тлото во погореспоменатиот регион, деновиве земјотресите се послабо застапени.

Над 1000 земјотреси го здрмаа овој регион, а најсилниот беше со магнитуда од 5.0 степени. Тој земјотрес не предзвика големи материјални штети само распука ѕидови на домови, турна оџаци и дрвја.