Нови в.д. директори во неколку национални установи

Методија Велевски е назначен за вршител на должност директор на Национална установа Приридно-научен музеј на Македонија Скопје. Тој доаѓа на оваа позиција на местото на Ивица Заркадов кој досега ја извршуваше фнкцијата вршител на должност директор на оваа установа.

Според објавата на Централниот регистар, Весна Петрушевска пак е назначена за вршител на должност директор на Национална установа Конзерваторски центар-Скопје. Од оваа функција разрешена е Мирка Илоска.

Арсим Рамадани пак е назначен за вршител на должност директор во Национална установа - Филмски центар Вардар филм Македонија – Скопје. Претходно оваа функција ја извршуваше Димитар Попов.

Владимир Ангелов пак е назначечен за вршител на должност директор на Национална установа Кинотека на Македонија Скопје. Тој доаѓа на оваа позиција на местото на Бошко Грујоски, кој беше директор на оваа установа.