Нови средства за изградба или реконструкција на рибници

До шести август годинава сите што сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови ќе може да аплицираат за добивање средства преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Како што соопшти Платежната агенција, за изградба на нови или реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, финансиската поддршка изнесува 1.000.000 денари. Толкава е и максималната вредност на оние кои сакаат да градат или реконструираат мандри за традиционален лов на риба во Дојранско Езеро, додека до 1.500.000 денари е максималната сума за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постојните капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување договор за кофинансирање со Агенцијата.

-Право на користење средства од Мерката 1 имаат општини за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови и регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, додека корисници на средства од Мерката 2 се субјекти регистрирани за дејност аквакултура кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура или поседуваат дозвола за користење вода за поставување кафези во зоните предвидени за аквакултура, соопшти директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Преку Програмата, за нови капацитети за аквакултура, за проширување, реконструкција, адаптација и модернизација, како и за нови капацитети за преработка на риби, набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување, на располагање се 15.000.000,00 денари. Максималната сума по корисник од оваа подточка во Мерката 2, е 7.000.000 денари.

-Корисници на средства наменети за проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура се субјекти регистрирани за дејност аквакултура, запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, корисници на средства наменети за изградба на нови капацитети за преработка на рибите се субјекти во рангот на микро, мали или средни претпријатија, регистрирани за дејност аквакултура и поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат преработувачки капацитети, корисници на средства наменети за набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите се субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија кои поседуваат или користат објект наменет за преработка на риби, информира Бабовски.

Според него, за Мерка 2.1, финансиката поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина на 50 отсто од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции.

Барањата за користење средства со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се земе од веб страницата на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, во делот Рибарство и аквакултура 2019.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.