Нови спортски објекти: Игралишта за street basket и реконструкција на спортски сали во Гази Баба

Приоритет на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ е реализација на предвидените проекти што се гледа и од обновеното спортско игралиште на кое се наоѓаме, кое е асфалтирано е и обележано, а за следниот период е предвидено да се обнови и оградата околу него и ќе бидат обновени реквизитетите и урбаната опрема, истакна Невенка Стаменковска, кандидат за пратеник во ИЕ2.

-Во текот на 2017 година ќе биде променета вештачката трева на фудбалските игралишта кое се наоѓаат во дворот на градинката Детелинка во населбата Триангла и на фудбалското игралиште во населеното место Колонија. Во Програмата на ВМРО- ДПМНЕ 2017- 2020 во Гази Баба се предвидени неколку поголеми проекти и тоа:

Со проектот реконструкција на спортски сали предвидено е реконструкција и доградба на спортска сала во општина Гази Баба, Студентски дом „Стив Наумов“.  Предвидена е и изградба на фудбалско игралиште во СЦ Црешево. Со проектот 100 повеќенаменски маалски игралишта, Гази Баба ќе добие уште едно игралиште, и 4 нови игралишта за street basket за љубителите на кошарката на локации кои се најпосетувани од младата популација и каде играњето уличен кошарка е еден вид традиција и урбана култура, додаде Стаменковска.