Нови правила за пријавување новороденче - за проектот „Добредојде бебе“ немало интерес

Незаинтересираноста на проектот “Добредојде бебе” кој Министерството за здравство го промовираше пред пет месеци, ќе се надминува со нова услуга од Управата за водење на матични книги.

Од први јануари идната година секое дете родено во едно од петте родилишта на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Матичната служба, а не во општините каде што се наоѓаат здравствените институции. Изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена.

Котевски истакна дека проектот “Добредојде бебе”, кој што овозможува пријавување на новороденчето уште во болница и добивање на извод во рок од 48 часа, и кој досега го искористувале просечно 30% од родителите, ќе продолжи и во иднина.

Годинава на територијата на Град Скопје се родиле 10.900 новородечнчиња. Во ГАК Скопје 4700, во Мајка Тереза во Чаир 3850, а останатите 2350 живородени деца се родени во приватните болници.