НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРАДСКОТО ВОЗЕЊЕ: Зелениот бран излезе од мода, насмејте се на камерите

На скопските сообраќајници нема повеќе зелен бран. Останаа само сообраќајните знаци кои покажуваат дека со брзина од 50 на час се вклучувате во таканаречената линиска координација на светлосни сигнали. Новите правила на возење, на скопските улици се спроведуваат со отварањето на Центарот за управување и контрола на сообраќајот.

-Откако се воведе ЦУКС не може да има зелен бран на сообраќајниците кои се под контрола на Центарот. Зелениот бран се смета за застарена технологија во однос на функционирањето на ЦУКС кој врши паметно распоредување на возилата со цел да нема застој во сообраќајот, информираат од одделението за односи со јавнозт на Град Скопје.

Претходно, поради ЦУКС, во историјата заминаа и тајмерите на семафорите кои покажуваа колку секунди трае одредено светло. И за двете споменати сообраќајни правила, граѓаните имаат позитивен став.

Главните функции на Центарот за управување и контрола на сообраќајот се прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, управување со семафорскиот систем, визуелно набљудување на сообраќајот, давање приоритет на возилата од јавниот градски превоз и информирање на возачите. На крстосниците се воведеадаптивна контрола на сообраќајот.Тоа значи дека семафорите работат во зависност од сообраќајното оптоварување, односно зеленото светло не е фиксно, туку променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку детекторите инсталирани во коловозот.

 -По активирањето на Центарот, гужвите на крстосниците се намалени. Следејќи го сообраќајот на околу 90 скопски крстосници, во текот на целиот ден сообраќајот се одвива непречено и без застој, тврдат од Градот. Според нивните статистики, најфреквентни во текот на целиот ден се булеварите „Партизанска„, „Гоце Делчев„, „Илинден„ и „Александар Македонски„ во Автокоманда. Најоптеретена крстосница е онаа каде булеварот „Киро Глигоров„ се спојува со улицата „Перо Наков„, како и двете места каде што се вкрстуваат булеварите „8-ми Септември„ и „Илинденска„ кај МИДА и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов„ кај поранешна Алумина. Сообраќајно оптеретување има и на крстосницата во близина на ТЦ Палома Бјанка меѓу улиците „Димитрије Чуповски„, „Васил Главинов„ и „Даме Груев„.

-Поголем број возила Центарот евидентира единствено во неколку термини во текот на денот и тоа во 8 часот наутро, во 15 часот и во периот од 16 до 17 часот попладне кога повеќето од граѓаните на Скопје ги напуштаат своите работни места и се упатуваат кон посакуваните дестинации, информираат од Градот Скопје. Центарот за управување и к6;нтрола на сообраќајот на Град Скопје, забележува дека поголема фреквенција на возила има на крстосниците и сообраќајниците во Централното градско подрачје. Најголем број возила во текот на денот поминува на крстосницата помеѓу булеварите„ Крсте Мисирков„ и „Гоце Делчев„ во близина на ТЦ Мавровка, на спојувањето на улиците „11 Октомври„ и „Пролет„ кај стара Рампа, како икрстосницата на булеварот „Коцо Рацин„ и улицата „11 Октомври„ кај Зелено пазарче. Најголеми автомобилски гужви има и на крстосницата на булеварот „Кузман Јосифовски Питу„ и улицата „Никола Карев„ кај Новата Железничка Станица, помеѓу булеварот „Свети Климент Охридски„ и улицата „Св.Кирил и Методиј„, односно поранешна „Мито Хаџивасилев Јасмин„ кај НИП Нова Македонија, како и на спојката на булеварите „Св.Климент Охридски„ и „ Партизански одреди„ кај Соборен Храм. Фреквентноста на возилата и густината на сообраќајот не зависи само од периодот во текот на денот, туку и од периодот во годината, па така бројот на возила е различен во лето и на зима, а метежот се разликува и од приликите во моментот, како што се протести, атмосферски промени, градежни активности и друго.

Во моментов кога учебната година е завршена и во полн ек се годишните одмори, според ЦУКС, сообраќајната атмосфера на скопските улици е релаксирана.

air max 90 essential sale