Подолго очекуваниот проект за поставување на нови патарини на македонските патишта треба да започне со реализација од следната година откако ќе заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, најави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта во интервју за МИА.

Според него, сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај тоа што голем дел од граѓаните сметаат дека плаќаат многу, а возат по лоши патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат,  а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.Електронската наплата нема предизвика намалување на бројот на вработени.

„Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино - Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо“, вели Китанов. Тој додава дека таму ќе се постави патарина, па возењето да се плати пресметано за минатата километража. 

„Така е на Запад. Ќе има сосема солиден спореден пат. Ние сме должни кога се гради автопат да има спореден пат“, вели Китанов.