Вкупно шест лифтови ќе бидат реконструирани, а два нови наскоро ќе се постават во колективни станбени згради на територијата на Општина Карпош

Еден лифт во колективниот станбен објект на улица Никола Русински број 4/2 ќе биде реконструиран, додека на улица Драгиша Мишовиќ број 4 ќе биде поставен нов. На улица Ѓорче Петров Б1- Порта Влае, ќе бидат санирани два лифта, додека на Булевар Партизански одреди број 109 блез 1 ќе биде поставен нов лифт. Два лифта ќе бидат реконструирани на Булевар Партизански одреди број 145 , додека на булевар Партизански одреди број 107 влез 2, ќе бидат одобрени финансиски средства за санирање и монтажа на лифт.

Овие одлуки, на шеесет и четвртата седница на Советот на локалната самоуправа, беа изгласани од советниците. Исто така беше изгласан Заклучокот за усвојување на Годишниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2016 година и годишната сметка на Буџетот на Општина Карпош за минатата година.

На оваа седница, советниците исто така ја изгласаа Одлуката за објавување на јавен повик за пријавување на сопственици на индивидуални и колективни станбени објекти за заменување на дотраени кровни покривачи од азбест цементни табли со ребраст пластифициран лим. Советниците дадоа ,,зелено светло" и за реконструкција на фасади на колективни станбени објекти. Советот ја одобри одлуката и за одделување на финансиски средства за заслужен граѓанин на Карпош.