Нови летниковци во Зоолошката градина

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ донираше летниковци за Скопската зоолошка градина.

Во спроведената акција за бојадисување на еден од летниковците учествуваа учениците од прва година од средното училиште „Здравко Цветковски”, директорот на ЈП „Паркови и зеленило”, Адријан Муча и директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.