Нови кошули, капи, чевли и чизми за полицајците

МВР бара најдобари понудувачи за набавка на нови чевли, џемпери, кошули, високи специјални чизми и капи и берети за припадниците на полцијата.

Најголем дел од постапките за набавка на нова облека и обувки за полицијаците се  актулени до средината на декември. Според распишаните огласи на сајтот за јавни набавки , МВР за оваа намена вкупно планира да потроши 99 милиони денри, при што најмногу пари односно 35 милиони денари без ДДВ се предвидени за купување високи специјални чизми.Јавниот оглас за набавка на чевли е 25 млиони денари.

За кошули, капи и берети предвидени се по 14 милиони денари, додека за џемпери 11 милиони денари.

За оваа набавка Министерот Спасовски информираше по доаѓањето на функцијата кога најави дека ќе набави 7000 нови униформи за полицијаците и припадниците на ЕСЗ, кои не биле сменети 10 години.

Претходно како што најави тој МВР, набави и околу 400 компјутери и канцелариски мебел за неколку полициски станици.

На дотраената униформа и старите чевли на полицајците во неколку наврати реагираше и полицискиот синдикат.Од таму бараа и подобрување на условите во полициските станици особено на граничните премини и караули.