Нови дресови за фудбалските репрезентативци (ФОТО)

Во куќата на фудбалот беше презентиран новиот дизајн на репрезентаивните дресови со кој се најави продолжувањето на соработката помеѓу Фудбалска Федерација на Македонија и германскиот бренд на спортска опрема ЈАКО.

Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќевековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановите.

-Дизајнот беше подготвен од страна на дизајнерот на Фудбалската Федерација на Македонија, Рахила Илиев, и би сакал да ѝ се заблагодарам за успешно подготвениот дизајн. Искрено се надевам дека новите дресови ќе ѝ донесат радост на Македонија и дека ќе им донесат среќа и мотив повеќе на играчите – истакна претседателот на Фудбалска Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

Новите дресови за прв пат ги облекоа Богатинов и Ѓорѓев од А репрезентацијата и Маркоски и Алексовски од репрезентацијата до 21 година.

Новиот македонски фудбалски дрес наскоро ќе биде достапен и на официјалната интернет продавница на ФФМ, www.fanshop.ffm.mk.