Нови детали за смртта на девојката во скопско Волково

Немало траги на насилство врз телото на младата девојка која утрово беше пронајдена мртва во скопско Волково. Полициски извори за Press24 велат дека најверојатно станува збор за ненасилна смрт.

Девојката, според неофицијални информации имала здравствени проблеми.

Од МВР само го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали.