Нови цени на горивата во Македонија

Регулаторна комисија денеска треба да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Нафтата на светските берзи во поглед на минатата недела беше речиси стабилна со мали флукатиции и не треба да се очекува некоја поголема промена на цените.

Цената на горивата минатата недела се зголеми за половина до 1,5 денари по литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за половина денар по литар и изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапи за еден денар по литар и чини 57 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,50 денари за литар се продаваат за 47, односно за 35 денари.