Нови цени на горивата од полноќ

Денеска напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот имавме минатата недела. Бензините се намалија за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар. Намалувањето е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

– Со оваа одлука покажавме дека нашата методологија функционира и во пракса и е целосно ориентирана кон потрошувачите. Цената на безините 95 и 98 се намалуваат за 7,5 денари, а на дизелот за шест денари. Ова е пониско од рекордното намалување есента 2008 година кога цената на бензините се намали за седум денари, а на дизелот за 5,5 денари, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, додавајќи дека цената на бензините и на дизелот е пониска во однос на државите од регионот.

Бислимоски порача дека електроенергетскиот систем, системот за топлинска енергија и снабдувањето со вода се одвива непречено и оти нема никакви проблеми.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат. Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта. 

Mалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,50 ден/лит.