Нови 150 наслови во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Книжниот фонд на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје е збогатен со повеќе од 150 нови наслови од различни  жанрови.

Набавката на новите наслови е согласно програмата за работа и политиките на библиотеката за 2017 година, како и првата Национална кампањата за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата под наслов „Влези во нов свет“, информираат од библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје